• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 11 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Тетовските пожарникари отсега ќе може да интервенираат со новиот камион со подвижна скала од 37 метри

20/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовските пожарникари денес за прв пред граѓаните покажаа како ќе се употребува новиот камион со подвижна скала од 37 метри. Презентацијата и вежбата беа изведени на градскиот плоштад по повод Националниот ден на пожарникарите. Тие пред граѓаните покажаа како пожарникарите ќе се искачуваат од надворешната страна на високите згради и како се спуштаат граѓаните. Камионот со скалите е донација од иселеници од Швајцарија.

– Уште не се употребени овие скали бидејќи имавме инструктори од Операција Флоријан. Ги научија нашите тимови за да бидат спремни и да знаат да ги употребуваат скалите до височина од 37 метри. Денес за прв пат имавме и показна вежба како се интервенира во случај на потреба од спасување од хемикалии и отрови. Воедно дел од вежбите беше интервенција со сечење на возило и извлекување на патници при сообраќајна несреќа, изјави Авни Амети, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово

Иако на Советот на Општина Тетово беше усвоена студија за дисперзија на ТППЕ Тетово, сè уште нема реализација на идејата.

– Генерално е разговарано со градоначалниците на другите општини. Работиме на детали за договори кои ќе бидат доставени до градоначалниците и после ќе одиме на следен чекор основање на дисперзирани единици. И по закон се обврзани другите општини да покријат дел од трошоците. Со оваа дисперзија се надеваме дека подобро ќе ги регулираме односите, изјави градоначалникот Биљал Касами.

Противпожарната единица Тетово брои 75 вработени.

– Уште толку ние требаат за да го покриеме целото подрачје што го покриваме со нашата дејност. Најдалечната точка ние е селото на границата со Косово на 36 километри. Во правец на Гостивар покриваме 16 километри и до Скопје 18 километри. Шар Планина е наша одговорност, односно сите села во планините. Заедно со градоначалникот сме работиме да се дисперзира нашата противпожарна единица. Ние се трудиме со сите законски мерки да го постигнеме тоа, истакна Авни Амети.

Лани ТППЕ имала 586 интервенции, поголем дел се на отворен простор и во објекти. Досега имале 213 интервенции.

ас

 

Поврзани објави

Вести

Во ноември имало 22 акциски контроли за сообраќај – евидентирани 1363 прекршоци

11/12/2023
Вести

Апел на СВР Тетово-пукањето петарди се казнува прекршочно, за нелегалната продажба има кривична одговорност

11/12/2023
црвен крст
Инфо компас

Две крводарителни акции неделава во тетовскиот регион

11/12/2023
Вести

Санкционирани 27 возачи за управување под дејство на алкохол на подрачје на СВР Тетово

10/12/2023
Вести

Градоначалникот на Јегуновце Димитар Костадиноски со отчет за работата во 2023 година

09/12/2023
Вести

Форум на жени СДСМ Тетово со активност по повод кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

09/12/2023
Следна објава

Храмот Вознесение Христово-Спасовден во тетовски Јелошник ќе го прослави патрониот празник 

Tetovo, MK
понеделник, декември 11, 2023
clear sky
5 ° c
80%
3.58mh
8%
12 c 5 c
вто
11 c 6 c
сре
12 c 4 c
чет
5 c 2 c
пет

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!