• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Теми и интервјуа

Тренираат атлетика на фудбалско игралиште, но носат медали од Светските олимписки игри за лица со попреченост

16/07/2023
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Иако атлетика тренира на фудбалско игралиште на лето и спортска сала во зима, Агрон Хајредини од Тетово стигна до златен медал во јуни на Светските олимписки игри за лица со попреченост кои беа во Берлин, Германија. Еден месец по успехот заедно со тренерот Ифраим Љута ги сретнавме како продолжуваат со тренирањето, пак на фудбалскиот терен кај Универзитетот во Тетово.

Тие се среќни што имаат каде да тренираат и помошта што ја добиваат од Универзитетот, но велат, замислете што би се направило кога би имале и атлетска патека во Тетово.

– Ова е стадион кој е со трева и не е рамен, а Агрон има телесен проблем на едната нога, па површината му создава дополнителна тешкотија. Фала на Господ што немаме проблеми досега но на овој терен секогаш е ризично да се тренира. Од друга страна, ова е единствен терен и ние сме благодарни што Универзитетот не остава тука да тренираме. За атлетиката треба атлетски стадион. Атлетска патека со сите стандарди за трчање ни треба. Градот не е мал, голем е интересот но поради условите децата полека и се откажуваат, зошто не можат да ги поднесат на вакви услови на тренинзите. Имаат други избори за некои други спортови, па се определуваат друго да тренираат, вели Ифраим Љута, атлетски тренер.

Тој заедно со тренерот Елмедин Мустафи преку Здружението „Активен живот“-Тетово за права на лица со посебни потреби, цела година ги одржува атчасовите за спортување на лицата со посебни потреби и соработуваат со Специјална Олимпијада. Како во Берлин така и пред четири години во Абу Даби имаат освоени медали на Светските олимписки игри за лица со попреченост. Годинава Агрон освои медал во категорија скок во далечина од место, а се натпреваруваше и на трката на 50 метри.

– Во Берлин беше многу добро, јас се чувствувам најдобро кога спортува, за малку ќе успеев да земам и втор медал на трката на 50 метри. Златниот медал го освоив во мојата возрасна категорија каде што имаше 16 натпреварувачи од целиот свет. Ова беше добра прилика за нови познанства и пријателства со луѓе од целиот свет, изјави Агрон.

Секоја сабота на овој терен летово, а во другите месеци се работи во спорската сала на средното текстилно училиште.

– Во таа сала колку толку има некои минимални услови. Таму во зима повеќе се тренира, во лето нормално ни треба надвор го користиме овој терен и комбинираме. Реално не сме Сомалија, но секогаш кога ќе бидат подобри услови ќе имаме многу повеќе спортисти. Без услови помалку спортисти се вклучуваат. Ако има потреба подобри услови ќе биде квантитетот поголем. Локалната власт е задолжена бидејќи локалната власт живее од таксите од граѓаните и ако има тендери за да ги земаат паркинзите, тогаш ќе треба има тендери за да се одржуваат и да се градат спортски стадиони. Фактички мора да има некоја рамноправно владеење, да не бидат дискриминирани посебно младите, бидејќи без спорт ние не можеме да многу здраво општество. Тоа е докажано, со векови, цел свет гледаме колку е развиен спортот, обаснува Ифраим Љута.

Атлетскиот тренер освен Агрон ја предводеше и атлетичарката Јулијана Петровска од Скопје која исто така освои сребро во атлетската дисциплина скок во далечина од место. Македонскиот тим во Берлин освои пет медали, од кои едно злато, две сребра и две бронзи.

 

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Фирмите најголеми неплаќачи на даноци во Општина Тетово

23/09/2023
Теми и интервјуа

За најдобар мед од костен два шампионски пехари во Србија освои тетовчанецот Владимир Петровски

16/09/2023
Теми и интервјуа

Со години нема решение за депониите пред тетовските градинки-во градинката Поток купишта смет и во дворот

05/09/2023
Теми и интервјуа

Тетовски легенди-Иљко Мустак за десет години од 1953 до 1963 година направил околу 300 скокови со падобран

19/08/2023
Вести

Министерството за култура со иницијатива за преместување на библиотека, вработените алармираат дека тоа не е соодветно решение

10/08/2023
Вести

Повеќе од половина рурални тетовски води се небезбедни за пиење, населението се навикнало на таквата состојба

09/08/2023
Следна објава

СВР Тетово : Не возете под дејство на алкохол, парични глоби од 225 до 375 евра во денарска противвредност

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!