Во Основниот суд во Тетово денес треба да продолжи судскиот процес и да се одржат завршните зборови на Обвинителството и одбраната на обвинетите кои се товарат за неколку кривична дела поврзани со пожарот во модуларната болница во септември 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе.
Ова е трет обид да има завршни зборови откако рочиштата на 25 април и 10 мај беа одложени.
На 25 април тоа беше поради отсуство на еден од обвинетите, тогашниот директор Флорим Бесими, а на 10 мај затоа што не беше дојден адвокатот на обвинетиот Артан Етеми.
Судијата Јордан Велковски го закажа почетокот во 10 часот.
Доказната постапка во судскиот процес заврши со последните сведоци кои беа сослушани на 6 април.
Поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се теретат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Клиничката болница како правно лице се терети за две кривични дела, прво за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
Тие на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението но дека не чувствуваат вина. Судењето започна во декември 2022 година.
ас