На Универзитетот во Тетово во понеделник и вторник 23 и 24 септември2024 ќе се реализира трет уписен рок. Може да се аплицира за студиски програми во кои има непополнети места по првите два уписни рокови кои беа од 26 до 30 август и од 10 до 13 септември.
Универзитетот во Тетово годинава нуди повеќе од 100 различни студиски програми и тоа на следните факултети: Правен, Економски, Филолошки, Филозофски, Педагошки, Медицински, Математичко-Природно-математички факултет , Факултет за применети науки, Факултет за прехранбена технологија и исхрана, Факултет за физичка култура, Факултет за уметности, Земјоделски и биотехнолошки факултет како и Факултет за бизнис администрација во Куманово.
Пријавивање на https://apply.unite.edu.mk/
Конкурс https://drive.google.com/file/d/1OaGQDDwb6JgCMihQp1t_-8n2riaJEr6A/view
По пријавувањето онлајн, на нивната е-адреса кандидатите добиват потврда и линк за активирање на профилот на апликантот, од каде што ги следат сите фази на преглед на документите, рангирање, резултати и регистрација.
Б. Профилот на апликантот може да се користи и за апликација во вториот или во третиот рок.
При пополнувањето на формуларот, кандидатите документите треба да ги прикачат (attach) скенирани или како слика (скенирањето или сликата треба да бидат читливи и да ги опфатат целосно со сите податоци).
- Оригинални свидетелства oд средно образование.
- Диплома за завршено средно образование.
- Извод од матичната книга на родените.
- Уверение за државјанство.
- Доказ (уплатница) за плаќања:
а) 1050 денари на жиро-сметката на Универзитетот: на име административни трошоци.
б) 600 денари дополнителни трошоци за секој предмет кој е наведен во прилог-листата 1, на соодветната студиска програма каде што е предвиден приемениот испит, на жиро-сметката на Универзитетот: на име на Комисии за проверка на знаења и умеења и интервјуто (за студиски програми по англиски).
Кандидатите кои се пријавуваат на програмите каде што има можности за вонренди студии, освен наведената документација, треба да достават и одредени документи за оправданост на статусот според наведените критериуми во овој конкурс. Кандидатите кои се пријавуваат во посебните квоти, треба да ги достават и документите соодветно квотата.