• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Триесет денови притвор за 57 годишникот од Мерово пријавен за предизвикување пожар

11/04/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Педесет и седум годишниот жител на Мерово кој од мештаните во село беше пријавен дека предизвикал пожар и приведен, ноќеска доби и мерка притвор.

Според информациите на СВР Тетово судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово на А.А (57) од Мерово му определил притвор од 30 дена по што тој денеска ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа затвор Скопје за издржување на мерката.

-Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 57-годишниот А.А. од тетовско Мерово, кој бил пријавен од жители на ова село дека претходно предизвикал пожар во куќата во која престојувал сам и блиската плевна, а се обидел, според пријавеното, да предизвика пожар во уште една куќа, сопственост на негов близок роднина,  информираа од СВР Тетово.

Тој беше задржан во Полициската станица Тетово, а противпожарникарската единица информираше дека огнот бил изгнасат за два часа.

Притворениот ќе биде осомничен за кривичното дело „Предизвикување општа опасност“, според член 288 од Кривичен законик со член 292 „Дела против општата сигурност“.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

СВР Тетово: За нецел ден целосно расчистени три разбојништва во градот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!