• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 1 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Тројца малолетници и 19 годишник приведени откако со украдено возило удриле во полициски возила и повредиле тројца полицајци

14/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тројца малолетници и 19 годишник попладнево биле приведени во Мала Речица откако претходно со украдено возило не запреле на полициските наредби, по што оштетиле две полициски возила и повредиле тројца полицајци.  Четворицата млади луѓе на крај во Мала Речица удриле со нивното возило во бандера.

-Полициски службеници на СВР Тетово денеска околу 16 часот и 20 минути во близина на угостителски објект во тетовска Мала Речица ги лишиле од слобода Ј.Ј.(19) од Тетово и тројца малолетници од  Тетово и селата Ларце и Непроштено. Лишените лица десетина минути пред тоа биле забележани на локалниот пат Палчиште-Камењане како се движат со противправно одземеното возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на државна институција, а пријавено вчера. Тие во два наврати се оглушиле на наредбите на полициските службеници да застанат и притоа оштетиле две полициски возила и повредиле тројца полициски службеници на СВР Тетово, по што удриле во дрвена бандера, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Четворицата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, додека полициските службеници на СВР Тетово пренесени се во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.

ас

Поврзани објави

Вести

Апел од СВР Тетово за внимателност поради влажни и замрзнати коловози, задолжителна зимска опрема за возилата

01/12/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово-приведен 24 годишник за најдена марихуана

01/12/2023
Вести

Во двор од основно училиште во Тетово е најден пиштол

01/12/2023
Вести

Kомунални работници го прекинаа штрајкот, насобраниот смет ќе се подигне

01/12/2023
Вести

Во контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници – казни за 11 технички неисправни возила

30/11/2023
Вести

Полицијата расчистува случај – во детска игра со остар предмет повреден малолетник

30/11/2023
Следна објава

Во 2022 година евидентирани 153 кривични дела поврзани со семејно насилство во Полошкиот регион  

Tetovo, MK
петок, декември 1, 2023
overcast clouds
11 ° c
76%
8.23mh
99%
19 c 9 c
саб
14 c 4 c
нед
7 c 2 c
пон
8 c 3 c
вто

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!