Соопштение на МВР 31 март 2024
На 30.03.2024 во 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово патничко возило „шевролет спарк“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(25) од Тетово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.С.(33) од Тетово, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник И.И.(36) од Тетово, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Наа 30.03.2024 во 15.30 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Ш.(78) и З.Ш.(70), по претходна пријава од нивниот сосед М.Р.(51) дека З.Ш. физички го нападнала со тврд предмет, а А.Ш. го нападнал со остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.