Учениците од ООУ Братство-Спортски центар Тетово низ градските улици ги расположуваа тетовчани давајќи им честитки во кои беа напишани пораки со изрази на љубезност и почит.
-Во пресрет на 13-ти ноември меѓународен ден на љубезноста, под мотото: ,,Даруваме прегратка и почит” – учениците од четврто и петто одделение заедно со своите наставници деновиве пишуваа, креативно твореа и подготвија честитки со пораки, чија цел е поттикнување на воспитната компонента кај учениците и изразување на љубезност кон другите. Истите пораки денес ги споделија и врачија на нашите сограѓани во блиската училишна средина. Со оваа активност го одбележавме овој ден и упативме порака: Биди љубезен дарувај прегратка и почит, информираа од училиштето