• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Учениците имаат интерес за правилата во сообраќајот за кои им предаваа полицајци

09/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Полицајците од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај и Отсекот за превенција ангажирани во рамките на превентивно-едукативниот проект „Сообраќајна култура и младите во сообраќајот“ ги споделија за јавноста резултатите од спроведените активности со што ги запознаваа учениците за сообраќајните правила и прописи. Проектот беше наменет за ученици од деветто одделение од сите основни училишта на подрачје кое го покрива СВР Тетово.

-Со овој проект ги запознаваме учениците со основните поими и правила во сообраќајот како и дефиниции, како што е коловоз, што е коловозна лента, што е сообраќајна лента, што е тротоар, што е крстосница. Воедно ги запознаваме учениците и со знаците кои ги даваат полициските службеници со положбата на телото и раце, со светлосно сигналните сообраќајни знаци како и да ги почитуваат поставените патна сигнализација. Во тој контекст би сакал да изразам благодарност за одличната соработка со одговорните за образование во општината Тетово и Гостивар како и директори на сите основни и средни училишта на подрачјето, изјави инспекторот Гаврило Гавриловски.

Учениците имале голем интерес да дознаат за сообраќајна култура и нивното учество во сообраќајот.

-Часовите беше успешно реализирани, а за тоа потврда е големата заинтересирност кај учениците. Тие имаа сознанија за дел од сообраќајот, ги знаеја некои основни правила што треба да се почитуваат во сообраќајот, научени претежно од нивните родители, изјави водич на безбедносен реон Камбер Бакии.

Инспекторот Гавриловски истакна дека учениците и децата се од најмала возраст учесници во сообраќајот и затоа е важно да има вакви обуки и во иднина.

-Многу е важно, децата се учесници во сообраќајот и сегашни и идни. Континуирано спроведуваме овој вид на проекти и во градинки, основни и средни училишта. Прилагоден спрема нивната возраст. Она што можам да заклучам има голем интерес од нивна страна. Децата добиваат одредени знаења за нивната возраст и мислам дека самите проекти се доста успешни и имаме добар прием од страна на децата и наставниот кадар.  Секоја едукација е добредојдена и нашата грижа е од најмала возраст е да ги едуцираме децата да ги запознаеме со првичните правила и прописи во сообраќајот и доследно почитувања, посочи инспектор Гавриловски.

Тетовската полиција одржува и тематски предавања поврзани со сообраќајот како за пешаци,  велосипедисти, возачи на електрични тротинети и слично.

ас

Поврзани објави

ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија на 22 март

22/03/2023
Следна објава

СВР Тетово : Починатот планинар е 28 годишен државјанин на Белгија, повредениот планинар е 24 годишник од Куманово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.