• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

УЈИЕ: Во 2022 година двојно зголемување на студенти кои студираат на македонски јазик, во сите студиски програми

20/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) од Тетово четврта година по ред бележи раст на запишаните студенти, иако сите другите параметри како број на матуранти и население се во надолна линија. Ова го соопшти ректорот Абдулменаф Беџети на денешната традиционална средба со новинарите на која се сумира годината што изминува.

-УЈИЕ четврта година по ред бележи рекорд во запишувањето студенти, оваа година регистрираме повеќе од 1100 нови студенти. Расте бројот на сите програми посебно додипломски студии каде растот е 13,4% во однос на претходната година. Растот кумулативно 35-40 %. Прв пат имаме двојно зголемување на студенти кои студираат на македонски јазик, во сите студиски програми. Порастот е 13 %, а беше 6-7 % порано. Исто така зголемување на бројот на студенти кои студираат само на англиски е зголемен за 16 проценти, изјави ректорот проф.д-р Абдулменаф Беџети.

Според ректорот има три причини поради кои УЈИЕ бележи зголемување на бројките на студенти.

-Прво тоа се новите понуди за студирање согласно барањата на пазарот на труд и со тоа можноста за вработување. Второ, стипендии што ги алоцира УЈИЕ со оглед на субвенции што ги добива од државата како грант дотации, Трето, студенските стипендии кои привлекуваат најдобри студенти. Бележиме дека кај новите студенти, нивните родители се сите со високо образование и препознаат квалитетно образование за нивните деца. Така се одлучуваат да платат и 15 пати поскапо плаќаат од јавните унизверзитети, рече ректорот.

Годинава за почнаа да функционираат Факултет за здравствени науки како и за програма за Архитектура и дизајн. Во 2023 година ректорот најави дека ќе се акредитираат три нови студиски програми. На УЈИЕ студираат и 60 студенти од Таџикистан, Пакистан и САД со стипендии од американската држава.

ас

Поврзани објави

Вести

Се одржа јубилејна десетта зимска школа за планинари на Попова Шапка

06/02/2023
Вести

Шести ден без вода за пиење во Фалише и Сараќино, дефектот сè уште се бара

06/02/2023
Вести

Ќе се промовира биографска книга за поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

06/02/2023
Вести

Во текот на јануари 2023 имало 70 сообраќајни несреќи, најмногу 22 поради неприлагодената брзина

06/02/2023
Вести

Нова медицинска опрема вредна 3,5 милиони евра за Клиничка болница Тетово, раководството уверува ќе има повеќе слободни термини за прегледи

06/02/2023
Инфо компас

Предпродажба на новелата „Разговори со Бен“ од тетовскиот писател Зоран Стојановски

06/02/2023
Следна објава

Публиката ќе може да види осум кореографии на играорците од КУД „Кирил Пејчиновиќ“ на Новогодишниот концерт во петок

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.