• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Утре, четврток посебен сообраќаен режим во Тетово поради посетата на косовската претседателка

26/04/2023
во Актуелно, Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека на  27-ми април четврток во градот ќе воведе посебен сообраќаен режим во централното подрачје по повод престојoт на висока делегација на Република Косово.  Временото сообраќајно ограничување ќе почне од 5 часот наутро се до завршувањето на официјалната посета. Како што најави општината, во посета доаѓа претседателката Вјоса Османи Сабриу.

-Во овој период ќе биде забрането паркирање на возилата на булеварот „Маршал Тито“, на потегот од крстосницата со улицата „Видоја Смилевски-Бато“ до крстосницата со улицата „Благоја Тоска“. Покрај ова, нема да биде дозволено паркирање  и на улицата „ЈНА“, на потегот од крстосницата на улицата „Димо Гавровски-Кара“ со булеварот „Илинденска“, како и на булеварот „Илинденска“, на потегот од крстосницата на Булеварот „Маршал Тито“ со улицата „ЈНА“. На сите други улици во градот каде е веќе забрането паркирање ќе се санкционираат и подигнуваат возилата, со цел да се обезбеди непречено и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, информира портпаролт на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до граѓаните во четврток на 27-ми април да не се движат со нивните возила во централното подрачје без поголема и неодложна потреба, но и да имаат разбирање и трпение за изменетиот сообраќаен режим и да ги почитуваат и да постапуваат по наредбите и насоките на полициските службеници, со што непосредно ќе придонесат за безбедна реализација на официјалната посета на косовската делегација.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Универзитетот во Тетово нуди 92 студентски програми за упис на нови студенти

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!