• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 5 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Утре по втор пат народно одбележување на Василица 

13/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Иницијативата на граѓани и верници од Тетовско за народно одбележување на Православна нова година и празникот посветен на Свети Василиј-Василица која во 2022 година за прв пат се одржа најавува дека и утре ќе се организира истата свеченост. Дел од верниците кои минатата година најдоа паричка во своите парчиња, утре ќе донесат пити во црквите.

-Утре по втор пат со благослов на митрополитот г. Јосиф ќе се обидеме да востановиме традиција на Василица на пладне да бијат камбаните, а верниците да добијат пита со паричка.  Така ќе биде во голем број цркви, од Једоарце, Сетоле и Отуње, па во Сараќино, Фалише како и во тетовските Богородица, Свети Никола и Свети Кирил и Методиј. Во Тетово поради организација пита со паричка ќе се подели порано по завршувањето на утринската Богослужба. Традицијата се создава преку народот, нешто што душевно ги храни, како што е Православна Нова година, најави Снежана Стојановска, дел од иницијативната.

Повеќе децениски одбележување на Василица во Тетовско има во неколку села како Копанце, Милетино,Вратница. Група на маскирани учесници од утринските часови ги посетуваат домаќинствата, со исполнување на празнични песни и ора со цел да се истераат лошите духови од домовите на семејствата. Од домаќините добиваат дарови како топла ракија, грав, овошје и зеленчук.

ас

Поврзани објави

Вести

Размена на уметнички слики и изложба помеѓу јапонски училишта и врсниците од тетовска Брвеница

04/12/2023
Вести

Акциска контрола за брзо возење – 106 казнети возачи

04/12/2023
Вести

Приведен тетовчанец за агресија кон полицајци, СВР Тетово бележи и две пријави за физички напади

04/12/2023
Вести

Се сече борова шума, долж автопатот кон Скопје – Општина Желино ја обвини централната власт за уништување на природата

04/12/2023
Вести

Во ноќешната акциска контрола изречени 110 казни за сообраќајни прекршоци

03/12/2023
Вести

Приведен 49 годишник баран за издржување притвор

03/12/2023
Следна објава

Новела „Разговори со Бен“ - најново дело на писателот Зоран Стојановски од Тетово

Tetovo, MK
вторник, декември 5, 2023
overcast clouds
6 ° c
82%
1.59mh
100%
7 c 6 c
сре
7 c 1 c
чет
3 c -3 c
пет
4 c -2 c
саб

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!