• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Утре во Тетово прва дезинсекција за уништување комарци и штетници

03/08/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Тетово информира дека утре 4 август 2023 на подрачјето на градот ќе има прва дезинсекција за уништување на возрасните форми на комарци и останати штетници. Дезинсекцијата почнува од 22 часот, па затоа е потребно да се засолнат пчелите, а граѓаните да не излегуваат на улица додека трае постапката.

-Д.П.Т.У. ПРОНТТО Дооел во соработка со Општина Тетово ќе ја реализира првата  дезинсекција на подрачјето на Градот Тетово за уништување на возрасните форми на комарци и останати штетници.  Дезинсекцијата ќе се изведува навечер после 22:00 часот до раните утрински часови, само под поволни временски услови, ако случајно времето е врнежливо или е со јак ветер дезинсекцијата ce одложува за утредента или евентуално за некој нареден ден со поволни временски услови, информираат од Општина Тетово.

Од локалната самоуправа истакнуваат дека е потребно граѓаните да не излегуваат на улица додека трае дезинсекцијата во градот, а автомобилите да се отстранат од тротоарите и пред зелените површини, за екипите да можат непречено да го применат третманот.

-За дезинсекцијата ќе ce употреби средството AKVA K-OTHRINE 2 KW 1 концентрација пропишана од производителот по упатство за употреба во однос 50 мл /Тл. Затоа, граѓаните кои се занимаваат со пчеларство мора да преземат заштитни мерки, што подразбира засолнување на пчелите во нивните сандаци, обезбедување на потребната количина на вода, држење на пчелите затворени најмалку 5-6 часа по третирањето на територијата, информира Општина Тетово.

ас

Поврзани објави

Вести

Мицкоски: Пензионерите ја имаат целосно поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, власта да се вразуми и да ги исполни очекувањата на пензионерите

23/09/2023
Вести

Над 100 милиони денари инвестиции во Општина Брвеница, реализирани 80 проценти од ветената програма на половина од мандатот

23/09/2023
Теми и интервјуа

Фирмите најголеми неплаќачи на даноци во Општина Тетово

23/09/2023
Вести

И денес продолжува гаснењето на пожарот во боровата шума над Милетино

23/09/2023
Вести

Од 21 до 3 часот полицијата открила шест возачи под дејство на алкохол

23/09/2023
Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Следна објава
црвен крст

Крводарителни акции во четврток 10 и петок 11 август

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!