• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Вчера од 14 до 19 часот санкциониран 31 мотоциклист, најмногу за немање заштитен шлем

29/05/2023
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (28 мај) од 14 до 19 часот спровеле акциска контрола на мотоциклисти, чиј број деновиве е значително поголем на патиштата и улиците во Полог. При контролата бил санкциониран 31 мотоциклист (ТЕ-22 и ГВ-9).Најголемиот број од нив (19) некористеле заштитен шлем, односно кацига (ТЕ-14, ГВ-5), 9 мотоциклисти (ТЕ-6 и ГВ-2) ги управувале мотоциклите без возачка дозвола, 2 (ТЕ-1 и ГВ-1) имале истечена осигурителна полиса и 1(ТЕ) истечена регистрација.

На сите им се изготвени поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените санкции, зависно од видот и карактерот на констатираните прекршоци, се движат од 45 евра за некористење кацига до 500 евра во денарска противвредност за нерегистриран мотоцикл подолго време, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

Секторот за внатрешни работи Тетово и во наредниот период ќе продолжи со вакви и слични активности и апелира до мотоциклистите навреме да ги регистрираат и да не ги управуваат без возачка дозвола, но и задолжително да користат заштитна опрема, а пред се кациги. Зашто, на тој начин ефикасно ќе се заштитат од евентуални несакани удари или паѓање од мотоциклите.

На мотоциклистите им се советува, исто така, максимално да ја прилагодат брзината со која се движат, посебно низ градските улици во Тетово и Гостивар и да внимаваат на бучавоста, на нивните мотоцикли, пред се во вечерните часови. За преголема бучавост и истечена регистрација повеќе од 6 месеци, покрај парични глоби, предвидено е и времено одземање на мотоциклите од три месеци.

Поврзани објави

Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Вести

Тешко повредена 24 годишна тетовка во судир на мопед и автомобил

22/09/2023
Вести

Изгаснат пожарот на борова шума во Тетовско, пожарникарите ќе дежураат на местото

22/09/2023
Вести

Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

22/09/2023
Вести

Приведени малолетник и 18 годишник за насилство, а 30 годишна жена за разбојништво

22/09/2023
Вести

Тетовската библиотека доби ветување од Министерството за култура за реновирање на предложените простории и дополнително место за книгите

22/09/2023
Следна објава

Наградата за најдобра претстава за деца и младинци за „Црвенкапа“ на Летечка театарска трупа-Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!