• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 2 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Вечерва од 18 часот е Новогодишниот концерт КУД „Кирил Пејчиновиќ“-Теарце

23/12/2022
во Актуелно, Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Завршната активност за 2022 на КУД „Кирил Пејчиновиќ“-Теарце е вечерашниот Новогодишен концерт во Центарот за култура во Тетово со почеток од 18 часот. Билетите за Новогодишниот концерт се по цена од 100 денари и може да се набават во маркетот „Корзо“ во Тетово, а денеска на денот на одржување на концертот и на влезот на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“.

-Традиционалниот новогодишен концерт ќе почнат сите членови на Културно-уметничкото друштво со изведба на песната „Ни прела гора“. Потоа во текот на вечерта големата група при Друштвото ќе настапи со кореографските постановки Посеље, Роненка, Жетварка, Пијанец. Малата група со кореографиите Што имала ксмет Стамена, Беровка, Малешевска, Црногорка.Новогодишниот концерт ќе биде круна на 2022 година, за сите успеси и постигнувања кои ги остваривме дома, но и на меѓународни фолклорни фестивали каде што освоивме бројни награди и признанија, изјави Сашо Костадиновски, уметнички раковидител во Културно уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“.

Новогодишниот концерт ќе биде најава и за 10 годишниот јубилеј што КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце ќе го одбележи во 2023.

-Наредната година бележиме една декада од возобновувањето на културно уметничкото друштво. Ќе има посебна свеченост и манифестација која ќе биде организирана во мај 2023 година. Моментално во КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце членуваат над 80-тина млади љубители на фолклорот кои со љубов ја негуваат македонската фолклорна традиција, изјави Сашо Костадиновски, уметнички раковидител во Културно уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“.

Покрај домаќините играорците од КУД „Кирил Пејчиновиќ“ како гости ќе настапат и Трио „Кладенец“, Трио „Шербет“ и хор „Менада“

ас

 

Поврзани објави

Вести

СВР Тетово: Приведени крадци во тетовско, фатени на дело

02/12/2023
Вести

Возило удрило во мече, кое било повредено но продолжило да се движи

01/12/2023
Вести

Апел од СВР Тетово за внимателност поради влажни и замрзнати коловози, задолжителна зимска опрема за возилата

01/12/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово-приведен 24 годишник за најдена марихуана

01/12/2023
Вести

Во двор од основно училиште во Тетово е најден пиштол

01/12/2023
Вести

Kомунални работници го прекинаа штрајкот, насобраниот смет ќе се подигне

01/12/2023
Следна објава

Осомничена е 17 годишна девојка за убиство на 16 годишникот кој беше најден мртов кај тетовско Бањиче

Tetovo, MK
сабота, декември 2, 2023
scattered clouds
17 ° c
44%
8.55mh
41%
14 c 2 c
нед
6 c 1 c
пон
7 c 3 c
вто
7 c 6 c
сре

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!