Вечерва од 19 часот во Центар за култура „Иљо Антески-Смок“ изложба на делата од меѓународната колонија Карпино
На меѓународната ликовна колонија „Карпино“ учествуваа 12 уметници од Србија, Македонија, САД. Уметничките дела се сликаа во комплексот Етно-сел Тимчевски во Куманово во периодот од 17 – 24 август 2022 година.
Најголем дел од делата се работени во техника акрил на платно, колажна техника како и масло на платно. Досега изложбата беше поставена во Виница, Македонска Каменица, Пехчево, Крива Паланка.