• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Велјановски: Скандалозно е тоа што министерката за култура воопшто не води сметка за реалните потреби на библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово

14/09/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Александар Велјановски со реакција за случувањата и обидот на Министерството за култура да ја пресели библиотеката „Кочо Рацин“ во други простории во рамки на Центарот за култура.

-Министерке Бисера Костадиновска Стојчевска остави ја библиотеката „Кочо Рацин“ на мир. Ако толку ви се потребни простории ви предлагам да ги доделите просториите кои со години се узурпирани од страна на вашата Општинска организација на СДС во центарот на Тетово.  Жртва не смее да биде библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово од која стотици деца и возрасни користат литература. Библиотеката во Тетово и онака кубури со просторни услови и услови за користење на библиотечниот фонд но со новата одлука на Владата барате да се пресели во уште полоши и нехумани услови.  Скандалозно е тоа што министерката за култура воопшто не води сметка за реалните потреби на библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово и ладнокрвно аминува одлука за нејзино преселување. Апелирам да се изнајде соодветно решение за просториите на библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово затоа што читателите, а особено децата не заслужуваат да им биде отежнат пристапот до книгите, порача Александар Велјановски

Поврзани објави

Вести

Ликовна мултикултурна работилница во ОУ „Гоце Делчев“-Тетово по повод Недела на детето

03/10/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово: Тешко повреден пешак на 79 години

03/10/2023
Вести

За девет месеци во 2023 изречени 5714 мерки за пребрзо возење на тетовското подрачје

03/10/2023
Вести

Дискусија „Политичко учество на лицата со попреченост“ – во 80 општински совети има само две лица со попречeност

03/10/2023
Вести

Песните од проектот „Македонијо во срце те носиме“ утре ќе се пеат во Тетово

03/10/2023
Вести

На патот Пирок-Тетово животот го загуби 18 годишно момче од Синичане

03/10/2023
Следна објава

Началникот на СВР Тетово Амир Далипи со функција во МВР, в.д началник Ивица Михајловски

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!