• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 24 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Верниците ќе имаат можност да се поклонат на моштите на Кирил Пејчиновиќ за време на канонизацијата

08/10/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во рамките на Литургијата на која ќе се изврши прогласувањето за светец на македонскиот прередобеник Кирил Пејчиновиќ верниците ќе имаат можност да се поклонат на моштите.

Канонизацијата ќе се одржи наредниот викенд 16 октомври во Соборниот храм ,,Св. Кирил и Методиј” во Тетово, со почеток во 8:30 часот, кога ќе се отслужи света Божествена литургија, со која ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на архијереите и свештенослужители од епархиите на МПЦ-ОА.

-Верниот народ ќе има можност да пристапи, за време на Литургијата и по неа, на поклонение до кивотот каде што ќе бидат изложени светите мошти на светителот и до неговата прва икона. Епархијата замолува за почитување на воспоставениот ред во храмот, со цел да се запази поредокот на Литургијата и да им се овозможи на сите да се поклонат и да испросат молитвено застапништво од преподобниот Кирил Лешочки, апелираат од Тетовско-гостиварската епархија.

Ден претходно на 15 октомври во Лешочкиот манастир “Свети Атанасиј Велики”, ќе биде отслужена Вечерна служба со почеток во 17 часот.

-Ова е чин со историско значење, дело кое, со Божјата помош и по застапништвото на преподобниот, ќе донесе духовни плодови за нашиот народ и нашата Црква, а воедно претставува и несекојдневен дел од црковната традиција, кој е душеполезно да се посведочи со личното присуство. Тетово и Полошкиот регион, но и нашиот верен народ ширум татковината и светот, добиваат уште еден молитвен покровител, принесувајќи му дар и на соборното Православие, а во слава на Бога. Нека е на многу години, порачаа од Тетовско-гостиварската православна епархија

Епархијата ги известува граѓаните и верниците дека на 16 октомври, во центарот на Тетово и во пределот околу соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“, ќе биде воспоставен посебен сообраќаен и безбедносен режим.

ас

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

По единаесетти пат се одржа манифестацијата „Денот на гравот“ во тетовско Теарце

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.