• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 8 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Википедија на македонски јазик од денес со повеќе статии за Тетово

16/09/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На бесплатнатa онлајн енциклопедија Википедија на македонски јазик од денеска ќе има повеќе статии поврзани со Тетово, откако се одржа работилница на која се напишаа и објавија нови текстови.

 Статии ќе има за библиотеката „Кочо Рацин, Здружението на Срби и Македонци, планинарски дом Љуботен и други луѓе, групи, установи или организации.

-Ова е активност на споделено знаење со цел ткн. Википедијанска екскурзија да биде во некој град, се посетува градот и се уредуваат тематски статии општо поврзани со градот Тетово. Овој проект го почнавме во 2020 година за прв пат во Велес, па потоа во Кратово, Кавадарци и Гевгелија.  Треба да се пишува локална содржина, автохтона македонска содржина и да се шири мрежата на македонската Википедија и на македонските корисници, изјави Никола Милошевски координатор на заедницата за споделено знаење која се занимава со умножување на статиите на Википедија на македонски јазик.

Според него Википедија на македонски јазик е на 64-тото место или од 319 активни јазични википедии.

-Македонската Википедија моментално има над 130 илјади статии, што ако гледаме по глава на жител по однос на колку жители има Македонија или на колку луѓе мајчин јазик им е или дали го познаваат македонскиот јазик, на солидно ниво сме. Ако споредиме, Грција која има 10 милиони народ, има 200 илјади статии, значи има 70 илјади статии повеќе, ама многу повеќе народ. Не треба да запреме туку да создаваме уште статии, порача Милошевски.

Тој порача и дека секој која сака да создава статии тоа може да го направи и преку интернет, со контактирање на Здружението „Споделено знаење“, кое се занимава со умножување на статиите на Википедија на македонски јазик.

ас

Поврзани објави

Вести

Помош за Турција и Сирија може да се остави на плоштад и во спортската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

08/02/2023
Вести

Акциска контрола на товарни возила-казни за шест возила

08/02/2023
Вести

Доцни изградбата на пречистителната станица за отпадни води за Тетово

08/02/2023
Вести

Движењето Антикоцкање: Kрајно време беше да се најде начин за оддалечување на објектите на игри на среќа

08/02/2023
Вести

Жител на Ѓермо задржан во полициска станица по пријава за напад од вработена во локал

08/02/2023
Вести

АПИС : Не постојат аргументи за вакви ригидни политики кон игрите на среќа

08/02/2023
Следна објава

СВР Тетово : Полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.