• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Инфо компас

„Винербергер“ од Виница 120 свои вработени ги направи акционери

29/12/2022
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Вработените во компанијата „Винербергер“ – Виница оваа година добија навистина уникатна новогодишна честитка. Имено, за постигнатиот успех во текот на 2022 година, на вчерашната новогодишна прослава 120 вработени добија понуда што не се одбива: да станат акционери во компанијата.

Овој гест од страна на компанијата е дел од Програмата за учество на вработените во профитот „Споделување на успехот на компанијата 2022“, чија цел е препознавање на трудот на вработените, зголемување на нивната верност и претворање на вработените во акционерски столб, кој секогаш ќе го има на ум најдоброто за компанијата. Доделувањето акции на вработените доаѓа како трето наградување оваа година, по годишниот регрес исплатен во вредност на една просечна плата во јуни и по тринаесеттата плата добиена месецов.

-„Винербергер“ е компанија која е свесна дека вработените се клучен фактор за нејзиниот успех. Со овој редок начин на наградување на вработените во нашата земја, „Винербергер“ дава одличен пример за тоа како вредните вработени се претвораат во задоволни вработени, а успешната компанија во уште поуспешна, вели Владимир Златковски, директор на „Винербергер“ во Македонија.

„Винербергер АГ“ е најголем производител на тули во светот, лидер на европскиот пазар на глинени ќерамиди и цевни системи и лидер на пазарот на бетонски блокови во Централна и Источна Европа.

Групацијата „Винербергер“ има околу 200 производствени погони во 28 земји, кои вработуваат повеќе од 19.000 луѓе. Групацијата постојано работи на унапредувањето на понудите за вработените, работните услови и работната средина, а нејзините акции во моментов котираат на Виенската берза.

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Изгласан буџет од 29 милиони и 300 илјади евра на Општина Тетово за 2023 година

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.