• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Вклучени и кучиња трагачи во потрагата по излетаниот возач и евентуални сопатници во реката Вардар кај Желино

29/09/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На третиот ден од потрагата по возачот и евентуални сопатници од автомобилот голф што излета во реката Вардар кај тетовско Желино денеска се вклучени и кучиња трагачи. Освен тоа ќе се прави обид со допирање на протокот на вода во реката Вардар да се намали водостојот и олесни потрагата.

Претставниците на надлежните институции проценуваат дека треба да се бара во реката Вардар но и надвор од тетовското подрајче, во правец кон Скопје и Велес согласно текот на речната вода.

-Ние побаравме да се намали водата од Водостопанство. Но тоа не е наша надлежност. Тие рекоа дека во меѓувреме рекоа дека ќе го намалат водостојот. Имаме четири екипи во терен. Првата екипа ние е во левата, втората на десната страна на Вардар, третата накај мостото Сиричино и четврата ќе ја ангажирам денеска после 13 часот во Зелениково пошто претпоставувме дека таму може да го влече водата до таму поради брзината. Имаме 16 нуркачи и 16 вработени од Дирекција за заштита и спасување на терен, изјави Ариф Арифи раководител на тетовската секција на Дирекција за заштита и спасување.

Ангажирани се луѓе кои вработени во специјалната антитерористичка единица „Тигри“, другите секции на ДЗС, пожарникари, Општуна Желино. Екипа од ДЗС Тетово побарала во текот на денот да ангажира и екипа од ДЗС Велес кои во текот на денот треба да извраш пребарување во малото езеро во Зелениково.

-Тука сме од седум сабајлево го провериме целиот терен каде што ја најдовме колата па идеме надоле. Како што гледате и вие дека Вардар носи многу вода и е тешко за побарување. Почнуваме пак се враќаме назад, затоа што стварно имаме многу вода и треба да се провери цел терен така полека полека. Се знае дека водата е многу јака и може телото е заглавено негде во длабина. И треба многу време дур го најдеме телото, изјави Авни Амети, командант на тетовската пожарна.

Во вторникот тетовската полиција доби пријава дека излетал „Голф“ во реката Вардар од кај мостот кај Желино.  Засега се трага по 22 годишниот кумановец Е.Р, чие семејство го поседува автомобилот.  Се уште се утврдува и дали имало и други сопатници во возилото.

ас

Поврзани објави

Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Следна објава

За недавање предност на пешаци 26 возачи казнети од 20 до 250 евра

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!