Денес беше потпишан најновиот и последен договор за летниот период во ЖФК Љуботен, со Хава Мустафа, сениорска репрезентативка на Македонија која доаѓа од ЖФК Шкендија Тетово. Со ова, актуелниот првак во женскиот фудбал ЖФК Љуботен комплетираше вкупно девет засилувања.
„Хава Мустафа е несомнено најдобриот играч во Полог но и пошироко конечно во најдобриот клуб во државата. Хава е вистински играч на сите позиции, може да помогне во било која линија на било која позиција, но најголемата ќе биде во нападот каде се очекува многу голови, посочија од ЖФК Љуботен.
Во изминатиот период, за тетовскиот клуб потпишаа четири фудбалерки од Колумбија, репрезентативката Ингрид Видал, како и Паула Алехандра Валбуена, Карина Мичел Бермудес, Алехандра Карен Родригес. Од Србија доаѓа Нина Миленковиќ, а од македонските клубови Александра Јовановска од Шкендија, Настасија Накова од ЖФК Скопје и Данче Карпузовска од Вардар.
ЖФК Љуботен од 4 до 7 септември во Холандија ќе игра квалификациски турнир во првата рунда од женската фудбалска Лига на шампиони. Ќе се соочат клубот Валур од Исланд, во полуфиналето, во групата каде играат и домаќинот Твенте и Кардиф Сити од Велс. Победниците од овие два дуели играат натпревар за следната фаза на Лигата на шампионите.
ЖФК Љуботен три години по ред е првак на Македонија, а две години и има и двојни титули со оглед на освоените Куп-натпреварувања.