Членот на извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев викендов во Тетово се приклучи на кампањата која ја водат кандидатите за советници за вонредните избори за Совет на 20 август.
Тој заедно со носителот на листата Ангел Карапетров одржа средби со граѓани во неколку тетовски населби и Сараќино. Заедно со нив со граѓаните разговараа и другите кандидати за советници, членови на Унија на млади сили, Унија на жени и ветерани на партискиот огранок.
-Приемот меѓу луѓето е одличен, а тоа гарантира добар победнички резултат на ВМРО ДПМНЕ, убедлива победа во однос на СДСМ, и дефинитивно делегитимирање на политиките на СДСМ, на владино ниво и на државно ниво. Револтот кај граѓаните е огромен, јас изминативе години и децении, немам видено ваков револт кај луѓето и незадоволство од владините политики. Надежта е тука. ВМРО ДПМНЕ е тука, поддршка за Ангел Карапетров, поддршка за советничката листа, поддршка за Христијан Мицковски како претседател, изјави Влатко Ѓорчев.