• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во 2022 година изречени 11 200 мерки за пребрзо возење

24/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Одделот за аналитика при СВР Тетово евидентира дека во текот на сите месеци од 2022 година полицајците во редовни и акциски контролни активности, изрекле вкупно 11 200 мерки за неприлагодена брзина според условите на патот, односно за пребрзо возење.

Бројката е значително поголема од 2021 година кога полицијата изрекла 8164 казни на возачи кои не ги почитувале сообраќајните знаци, правила и прописи што се однесуваат на максимално дозволената брзина на движење.

-Од вкупно 11 200 мерки, 7189 биле за пречекорување на максимално дозволената, односно пропишана брзина на поширокото тетовско подрачје. Имајќи во вид дека пребрзото возење и лани беше најчестиот прекршок во Полошкиот регион и една од најчестите причини за случените сообраќајни несреќи, Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите да не брзаат непотребно и да не ја загрозуваат сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Ова, посебно се однесува на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и магистралниот пат Гостивар-Кичево, а во последно време и на регионалниот пат Маврови-Анови-Дебар, уште повеќе што деновиве коловозите се влажни и на поедини места лизгави, истакна портпаролот Марјан Јосифоски.

Сите прекршоци биле заокружени со соодветни поднесоци и санкционирани со законски предвидените парични глоби кои за овој вид сообраќаен прекршок се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност.

ас

 

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Четириесет и тригодишник во СВР Тетово пријавил дека бил каснат од куче скитник на улица „Благоја Тоска“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!