Вчера 07.06.2023 во периодот од 10.00 до 15.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоците кои ги чинат возачите на мотоцикли. Притоа, биле санкционирани 33 прекршоци (ТЕ-30 и ГВ-3) од кои поголемиот број биле за некористење на заштитен шлем-кацига при возење и тоа 18 возачи (ТЕ-16 и ГВ-2), додека во текот на минатиот месец мај за овој прекршок биле констатирани и санкционирани 53 прекршоци (ТЕ-43 и ГВ-10).
На прекршителите им биле изготвени соодветни платни налози, додека 5-ТЕ биле исклучени од сообраќај. Исто така, во текот на оваа акциска контрола биле констатирани и 10-ТЕ останати прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до мотоциклистите да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот поради тоа што скоро секоја сообраќајна незгода во подрачјето на СВР Тетово каде учесник е мотоцикл завршила со потешки последици, а неретко и со жртви, затоа возачите да бидат совесни и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.