• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Во акциска контрола на мотоциклисти откриени 21 прекршок, ќе платат казни од 45 до 500 евра во денарска противвредност

31/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Вчера (30 мај) од 11 до 17 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на мотоциклисти, чиј број деновиве осетно е зголемен во поширокиот Полошки регион и посебно на тетовските и гостиварските улици.

При контролата бил откриен и санкциониран 21 прекршок (ТЕ-15 и ГВ-6). Најголемиот број од прекршоците (14) се однесувале на некористење на заштитна кацига, односно шлем (ТЕ-10 и ГВ-4), 5 мотоциклисти управувале без возачка дозвола (ТЕ-4 и ГВ-1), 1(ТЕ) управувал нерегистриран мотоцикл, а 1(ГВ) имал истечена полиса.

На сите им се изготвени поднесоци и зависно од видот и карактерот на констатираниот прекршок ќе се соочат со предвидените парични глоби кои се движат од 45 до 500 евра во денарска противвредност.

Вчера, исто така, во Тетово спроведени се и интензивни активности за поголем ред и безбедност со паркирањето, при што вкупно биле изречени 35 мерки, а 25 погрешно, односно непрописно паркирани возила биле подигнати од тетовската „пајак-служба“. Претежно станува збор за прекршоци во централното градско подрачје и за возила оставени во таканаречени „двојни редови“. Прекршоците биле заокружени со адекватни поднесоци, по што сопствениците на возилата ги очекуваат парични глоби од 45 до 180 евра во денарска противвредност, зависно од тоа каде и како ги паркирале

Поврзани објави

Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Вести

Тешко повредена 24 годишна тетовка во судир на мопед и автомобил

22/09/2023
Вести

Изгаснат пожарот на борова шума во Тетовско, пожарникарите ќе дежураат на местото

22/09/2023
Вести

Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

22/09/2023
Вести

Приведени малолетник и 18 годишник за насилство, а 30 годишна жена за разбојништво

22/09/2023
Вести

Тетовската библиотека доби ветување од Министерството за култура за реновирање на предложените простории и дополнително место за книгите

22/09/2023
Следна објава

Дел од дивоградбите кои ќе може да се легализираат во Националниот парк Шар Планина ќе се користат за туризам

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!