• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Во август во тетовскиот регион вкупно 1653 сообраќајни прекршоци евидентирани од сообраќајната полиција

05/09/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Сообраќајната полиција на поширокото тетовско подрачје во текот на август имала 25 локални, засилени акциски контроли и редовни активности при што се откриени и законски санкционирани 1653 различни видови прекршоци. Од тие поради констатирани прекршоци, односно недостатоци, од сообраќај биле исклучени 56 возила, од кои 28 поради истечена регистрација до и над 30 дена и исто толку поради утврдена техничка неисправност.

– Во август, исто така, од сообраќај биле исклучени и 140 возачи, од кои 83 управувале без возачка дозвола, 28 под дејство на алкохол, 20 возачи-почетници кој не се придржувале на законските ограничувања за оваа категорија возачи, 4 со важечка забрана за управување и 5 со несоодветна категорија. Во август евидентирани се 10 излетувања на возила од коловоз и 6 сообраќајни несреќи предизвикани од животни, најмногу од кучиња скитници, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Покрај тоа, во месецот за кој станува збор, времено биле одземени 7 возила со истечена регистрација повеќе од шест месеци и бучавост, 42 возачки и 32 сообраќајни дозволи, додека тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 306 погрешно, односно непрописно паркирани возила, најмногу во централното подрачје на Тетово.

ас

Поврзани објави

Вести

Ликовна мултикултурна работилница во ОУ „Гоце Делчев“-Тетово по повод Недела на детето

03/10/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово: Тешко повреден пешак на 79 години

03/10/2023
Вести

За девет месеци во 2023 изречени 5714 мерки за пребрзо возење на тетовското подрачје

03/10/2023
Вести

Дискусија „Политичко учество на лицата со попреченост“ – во 80 општински совети има само две лица со попречeност

03/10/2023
Вести

Песните од проектот „Македонијо во срце те носиме“ утре ќе се пеат во Тетово

03/10/2023
Вести

На патот Пирок-Тетово животот го загуби 18 годишно момче од Синичане

03/10/2023
Следна објава

СВР Тетово: Приведени пет лица за најдена дрога во Тетово, меѓу нив и државјанин на Швајцарија

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!