Соопштение на СВР Тетово 31 август 2024
По преземени мерки и активности по претходно добиени оперативни сознанија, на 30.08.2024 во 23.00 во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(40) од с.Боговиње поради сомнение за сторено кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца, односно без дозвола на надлежен орган“ по член 156 од Законот за игри на среќа.
При преглед во неговиот мобилен телефон била пронајдена веб страница за приредување игри на среќа, на која имало регистрирано повеќе корисници, а на која тој бил заведен како администратор. Тој бил задржан во полициска станица и од него бил одземен телефонот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.