Во четвртокот на 18 август Женскиот фудбалски клуб Љуботен од Тетово за прв пат во историјата на градот ќе игра во Лигата на шампиони за жени. На стадионот на „Петар Милошевски“ во Скопје, од 17 часот ЖФК Љуботен се среќава со Ст. Полтен од Австрија.
-Сонот станува јаве, време е за УЕФА Лига на Шампиони за жени 2022/23. ЖФК Љуботен Ве повикува во што помасовен број да им дадеме подршка на нашите девојки во предизвиците кои ни следат. Во четврток 18.08.2022 сите патишта водат во Скопје Стадион Петар Милошевски! Време е за фудбал, Време е за уживање, порачаа од ЖФК Љуботен.
На овој квалификациски турнир претходно од 11 часот на истиот стадион играат Динамо од Минск, Белорусија со Локомотив од Стара Загора, Бугарија.