СВР Тетово информира за две сообраќајки случени вчерра попладне и навечер. Кај Одри е тешко повреден е пешак, додека пред Фалише тешки повреди поради излетување од коловоз има мотоциклист. Полицијата информира за пријава за приведување поради физичка пресметка.
-На регионалниот пат Тетово – Јажинце, пред влезот за тетовско Одри, вчера (12 јули) во 15 часот патничко моторно возило „тојота“ со тетовски регистарски ознаки што го управувала 37-годишната Х.Р.Б. од тетовски Порој удрило во пешакот Ш.Ќ.(33) од Одри. Притоа, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. Увид извршила екипа од СВР Тетово, информира СВР Тетово.
-Вчеравечер (12 јули) во 23 часот и 20 минути во СВР Тетово во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат Фалише – Тетово, мотоцикл без регистарски ознаки управуван од Д.Ј.(30) од тетовско Фалише, излетал од коловоз. Во несреќата, Д.Ј. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово, информира СВР Тетово.
-Вчера (12 јули) во 15 часот и 5 минути, полициски службеници на СВР Тетово го привеле И.К.(35) од тетовско Прељубиште, кој околу 11 часот во близина на амбулантата во тетовско Шемшово, по расправија, физички се пресметувал со Д.Ш.(41) од ова село, кој подоцна бил повикан на службен разговор во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира СВР Тетово.