СВР Тетово информира дека на 05.12.2022 во 13.00 часот во кругот на средно училиште на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода лицето А.Б.(18) од тетовско село затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.
Тетовската полиција информира и дека истиот ден 05.12.2022 во 17.45 часот во кругот на средно училиште на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници лишиле од слобода малолетник од тетовско затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Во присуство на родител тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.
На 05.12.2022 во 22.50 часот во тетовско Горно Палчиште, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода А.А.(25) од тетовско Јеловјане затоа што кај него била проанјдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира СВР Тетово