Соопштение на СВР Тетово 28 авгсут 2024
На 27.08.2024 во СВР Тетово, 24-годишниот Е.О. од тетовски Порој пријавил дека од видеонадзорот поставен во неговата перална за автомобили, забележал како женско лице се доближува до неговата перална и до поставени украсни саксии, а потоа набрзина се оддалечува местото. По извршени проверки, полициски службеници од СВР Тетово на местото пронашле марихуана. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 27.08.2024 во 15.35 часот во СВР Тетово, било пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно возило „ман“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(44) од с.Ларце, тетовско, мотоцикл управуван од Р.И.(64) од Тетово и патничко возило „форд фокус“ со тетовски регистарски ознаки, паркирано од Н.М.(57) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.
На 27.08.2024 во 23.00 во СВР Тетово, било пријавено од Клиничка болница Тетово – Брза помош дека Р.К. од тетовско Доброште дошол под дејство на алкохол, агресивно се однесувал и физички го нападнал докторот И.С. (25) од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.08.2024 околу 19.50 часот во СВР Тетово, било пријавено дека на регионалниот пат с.Лешок кон с.Жилче, мотоцикл управуван од К.П.(38) од Скопје излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.
На 27.08.2024 во 22.15 часот полициски службеници од Полициска станица Теарце во с. Лешок во близина на маркет го лишиле од слобода 41-годишниот П.Р. од Скопје поради омаловажување на полициски службеник. По целосно расчистување на случајот, против него ќе следи соодветен поднесок.
На 27.08.2024 во 19:57 часот во СВР Тетово, С.Б. (31) од Тетово пријавила дека од продавницата во трговски центар каде што работи, едно лице одзело предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот