Во тетовско Једоарце се одбележа православниот празник Воздвижение на чесниот и животворен Крст – Крстовден. Празнувањето се одржа во црквата Свети Кузман и Дамјан, со одржување на празничен водосвет и благословување на славските лебови.
Денес на Крстовден во Једоарце се практикува и народниот празничен обичај наречен Ортија. На црковна слава како гости доаѓаат верниците од Џепчиште. Једоарчани возратна посета прават за Свети Атанасиј во Џепчиште.