• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 29 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во јули сообраќајната полиција утврдила 1914 неправилности во тетовскиот регион

12/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во текот на јули годинава, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на поширокото тетовско подрачје, во тековни-редовни и 24 акциски контроли вкупно откриле и законски санкционирале  1914 различни видови неправилности.

Во контролните активности, реализирани минатиот месец, а поради констатирани прекршоци, од сообраќај билe исклучени 53 возила, од кои 43 поради истечена регистрација до и над 30 дена и 10 поради утврдена техничка неисправност.

-Во јули, исто така, од сообраќај биле исклучени и 208 возачи, од кои 133 управувале без возачка дозвола, 25 под дејство на алкохол, 33 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања за оваа категорија возачи, 6 со несоодветна категорија и 11 со важечка забрана за управување, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

 

Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово

Покрај тоа, во овој период, времено биле одземени 33 возила за истечена регистрација повеќе од шест месеци и бучавост, 48 возачки  и 32 сообраќајни дозволи, додека тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 448 непрописно паркирани возила.

Поврзани објави

Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Следна објава

Проекција на филмот „Златна петорка“ во Музејот на тетовски крај на Два бреста

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.