• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 ноември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Во Лешок се одржи манифестацијата „Пишуваме и твориме на српски јазик“ на тетовското здружение на Срби и Македонци

05/11/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово беше домаќин на на 11-тата детска поетска манифестација „Пишуваме и твориме на српски јазик“ (Пишемо и стварамо на српском језику).  Манифестацијата вчера се одржа во Духовно-културниот центар  „Кирил Пејчиновиќ“ кој се наоѓа во манастирскиот комплекс на црквата св. Атанасиј во село Лешок.

Оваа година на манифестацијата учествуваше и гостин од Србија, поетот за деца Александар Коциќ.

-Целта е на учесниците да им се овозможи средба со поет од Србија, а воедно и да се промовира српското творештво за деца.  На главниот дел на програмата учествуваа учениците со свои творби кои оваа година се пишувани на тема „Детство“. Главна цел на проектот е поттикнување на творештвото и презентација на културното наследство на припадниците на српскиот народ во Република Северна Македонија и чување на нивниот културен идентитет особено кај децата и младите, информираше Соња Андонов, претседателка на Здружението.

 

На манифестацијата се одбележуваат одредени јубилеи на српските поети.

-На овогодишното издание со пригодна програма членовите на секцијата за литература при Здружението означија 125 години од раѓањето и 30 години од смртта на Десанка Максимовиќ и 190 години од раѓањето на Јован Јовановиќ Змај, информираше Соња Андонов.

Манифестацијата ги собра учениците од основните училишта кои наставата  ја следат на српски јазик, како и деца кои имаат српско потекло, а се од други основни училишта во Македонија во Скопје, Тетово, Јосифово и други места.

ас

Поврзани објави

Вести

Даријан Сотировски: Најостра осуда за вандалскиот упад во манастирот-тоа се повеќе кривични дела

28/11/2023
Вести

Пратеникот Александар Велјановски со осуда за симнувањето на црковното знаме

28/11/2023
Вести

Сквернавење на имотот на црквата на Попова Шапка – фрлено црковното знаме, поставено албанско

28/11/2023
Вести

АПИС: Mнозинството пратеници ќе гласаат за игри на среќа на црно

28/11/2023
Вести

Општина Тетово: Работниците од Комунална хигиена ќе се префрлат во ново претпријатие и ќе земаат редовно плата

28/11/2023
Вести

Работниците од „Комунална хигиена“ при ЈКП Тетово почнаа штрајк поради неисплатени плати

28/11/2023
Следна објава

Изведена претставата „Сè за љубов“-современа комедија за искуствата од бракот и без него

Tetovo, MK
среда, ноември 29, 2023
overcast clouds
5 ° c
99%
2.91mh
86%
9 c 3 c
чет
16 c 9 c
пет
17 c 11 c
саб
14 c 9 c
нед

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!