Во текот на изминатиот месец март сообраќајните полицајци во триесетина редовни и засилени акциски контроли откриле и санкционирале 2063 прекршоци. Според статистиката на СВР Тетово, тоа е 171 повеќе во споредба со истиот период лани.
-Минатиот месец вкупно биле изречени 884 мерки за неприлагодена брзина според условите на патот, односно за пребрзо возење, 42 за недавање предност, односно првенство на минување и друго. Во март, исто така, од сообраќај биле исклучени и 214 возачи, од кои 143 управувале без возачка дозвола, 29 под дејство на алкохол, 17 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања за оваа категорија возачи, 24 со важечка забрана за управување и 1 со несоодветна категорија, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Во контролните активности, реализирани во текот на минатиот месец, а поради констатирани прекршоци, односно недостатоци, од сообраќај билe исклучени 60 возила, од кои 22 поради истечена регистрација до и над 30 дена, 31 поради утврдена техничка неисправност и седум поради претовар.
Воедно времено биле одземени 82 возачки и 42 сообраќајни дозволи, од кои две поради поради истечена регистрација повеќе од шест месеци и една поради бучаност. Тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 500 непрописно паркирани возила, најмногу во централното подрачје на Тетово.
ас