Организаторите на традиционалниот меморијален турнир во мал фудбал „Бобе Јуниор 2023“ информираат дека до петок 26 мај трае пријавувањето додека натпреварите почнуваат во недела 28 мај.
Почитувани љубители на фудбалот како и на ликот на БОБЕ ќе ни биде чест и вие да учествувате на меморијалниот ноќен турнир “БОБЕ ЈУНИОР 2023” с.Јанчиште кој започнува на 28.05.2023.
Пријавувањето на екипите трае се до 26.05.2023 (ПЕТОК) кога ќе се одржи и ждрепката во просториите на интернет кафето БОБЕ ЈУНИОР со почеток во 20:00
Натпреварите ќе се одвиваат по групи со времетраење на секој натпревар 15-15 минути.
Учество: 4000 денари
Ќе има награда за:
•Најдобар фудбалер
•Најдобар стрелец
•Најдобар голман
•Најфер играч
•Најдобар спонзор менаѓер
•Најфер екипа
•Дрим тим од сите екипи
•Парични награди за прво второ и трето место
I место – 65 000 денари
II место – 30 000
III место – 15 000
Пријавување на телефон :
Стефан 071 389 659
Бојан 070 308 107
Правила на игра
1.Во групи се играат две полувремиња по 15 минути (бод систем). После групна фаза се играат две полувремиња по 15 минути доколку е нерешено се играат две полувремиња по 5 минути,доколку и тогаш е нерешено се изведуваат пенали.
2.Ќе се игра фер и коректно и доколку некоја екипа предизвика било каков инцидент веднаш ќе биде отстранета од турнирот.
4.После 5тиот фаул секој следен фаул е пенал кој се изведува од 10 метри
5.Од осминафиналето натаму со нерешен резултат ќе се играат две полувремиња по 5 минути.После тоа доколку нема победник се избедуваат пенали.
6.Секоја екипа има право на 12 играчи, играчите се пријавуваат на првиот натпревар
7. Учество се плаќа пред почетокот на првиот натпревар.
Со почит организација “БОБЕ ЈУНИОР”