Тетовската полиција информира дека пријавени се два физички напади во средни училишта, од кои едниот е расчистен.
-Дваесетгодишната А.Е. вчера 21 септември во 15 часот во СВР Тетово пријавила дека околу 13 часот во тетовско средно училиште, каде учела, физички била нападната од С.Р.(19), ученичка во истото училиште. Случајот целосно е расчистен и против инволвираната во физичкиот напад ќе следува соодветен поднесок, информира СВР Тетово.
Од полицијата информираат и дека вчера (21 септември) во Полициската станица Тетово повикан е малолетник од тетовско Ларце, кој во 14 часот и 30 минути бил пријавен, исто така, од малолетник од Тетово дека околу 11 часот и 30 минути во тетовско средно училиште, во кое учеле двајцата, физички го нападнал. Во нападот, според пријавеното, тој употребил остар предмет и му нанел расекотини. Се расчистува и документира случајот.