Вчеравечер (3 октомври) околу 21 часот и 50 минути, во тетовско село, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 69-годишниот Џ.З., кој еден час пред тоа бил пријавен од неговата 37-годишна снаа дека околу 19 часот пред семејниот дом физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Вчера (3 октомври) во 7 часот и 15 минути, на улица „Браќа Миладинови“, во близина на тетовско средно училиште, полициски службеници на СВР Тетово привеле 15-годишник од тетовско Ларце кај кого бил пронајден нож. Се расчистува случајот и против малолетникот ќе следува поднесок.
Триесет и седумгодишната жена од тетовско Прељубиште вчера (3 октомври) во 16 часот во СВР Тетово пријавила дека на први овој месец околу 16 часот и 30 минути физички била нападната од Љ.С.(36) и И.К.(34) од истото село, а по претходна меѓусебна вербална расправија поврзана со нивните деца. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Педесет и седумгодишната тетовка Г.В. вчера (3 октомври) во 12 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавила дека на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово била касната од куче.
Триесет и двегодишната тетовка И.М. вчера (3 октомври) во 16 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавила дека на улица „Страшо Пинџур“ во Тетово била касната од куче скитник.