Соопштение на СВР Тетово 5 септември 2024
На 04.09.2024 во 14.10 часот во СВР Тетово, С.Ќ.(48) од скопско пријавил дека во текот на минатиот месец, откако бил во Одделение за катастар во Тетово да извади имотен лист од недвижен имот во тетовско село, дознал дека неговиот стрико од истото село, најверојатно со фалсификувани документи го префрлил само на негово име целиот имот од 8360 метри квадратни. Според пријавеното, во текот на 2016 година, преку нотар од Тетово, неговиот стрико го префрлил имотот, кој бил во сопственост на неговата прабаба, на негово име, а требало да гласи на нејзините три ќерки и три синови. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
На 04.09.2024 во 23.05 часот во СВР Тетово, М.С.(20) од тетовско Јажинце пријавил дека околу 22.00 часот во селото бил физички нападнат од неговиот соселанец Б.М.. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.