Во денешниот билтен на случувања евидентирани во СВР Тетово во текот на вчерашниот ден се бележат четири пријави за физички напади. Информации и за повреден во сообраќајка и пожар во Јанчиште.
Вчеравечер (9 октомври) во 21 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавено е дека на улица „133“, во близина на угостителски објект во Тетово, 16-годишен малолетник од Тетово физички бил нападнат од неколку лица и со остар предмет му била нанесена повреда, по што бил пренесен во тетовската Клиничка болница. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Дваесет и двегодишниoт тетовец Е.Е. вчера (9 октомври) во 20 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот на улица „Бане Стефановски“ во Тетово физички бил нападнат од неколку лица. Се расчистува и документира случајот.
Tриесет и седумгодишниот З.Т. од тетовско Долно Седларце вчера (9 октомври) во 20 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 18 часот и 45 минути на улица „Благоја Тоска“ во Тетово неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку лица. Се расчистува и документира случајот.
Дваесет и шестгодишниот Б.И. од тетовско Боговиње, вчера (9 октомври) во 18 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 18 часот физички бил нападнат од 61-годишниот Е.И. од истото село, а поради нивни нерасчистени должничко-доверителни односи. Се расчистува случајот.
Вчера (9 октомври) во 14 часот во СВР Тетово пријавено е дека на локалниот пат во тетовско Милетино трактор „ИМТ-533“ со полуприколка со тетовски регистарски ознаки, што го управувал З.Б.(66) од тетовско Блаце, излетал од коловоз. Во несреќата, сопатниците во приколката малолетник и С.Б.(36) од истото село се здобиле со тешки телесни и телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
Вчера (9 октомври) во 14 часот во СВР Тетово пријавено е дека настанал пожар во плевна во тетовско Јанчиште, сопственост на Р.С.(56) од ова село. Нема повредени лица, а опожарена била добиточна храна и повеќе алатки и други предмети. Покрај ова, пожарот се проширил и на соседен објект (куќа), сопствност на В.С.(50). Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот е целосно локализиран. Увид извршила екипа од СВР Тетово.