Неприлагодената брзина според условите на патот, односно пребрзото возење и во јануари годинава била најчестата причина за случените сообраќајни несреќи на поширокото тетовско подрачје. Одделот за аналитика бележи 22 несреќи како резулат на неприлагодена брзина, а 18 возила излетале од коловозна лента.
-Покрај пребрзото возење, значителен број од несреќите (16) се случиле и поради неправилно вршење на дејствие, 10 поради непочитување на првенство, додека 11 биле предизвикани од животни, претежно од кучиња скитници и најмногу на тетовскиот дел од автопатот Гостивар-Тетово-Скопје. СВР Тетово уште еднаш со апел и укажување до возачите да не брзаат непотребно и да бидат посебно внимателни наутро и навечер, зашто на поедини патишта деновиве присутна е голомразица која го отежнува движењето, пред се кон Попова Шапка, Стража и Маврово. И не само на овие патни правци, да не брзаат и во населените места, зашто над половината од несреќите во јануари регистрирани се на градските улици и регионалните и локалните патишта, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Инаку вчера од 10 до 16 часот, тетовската Полициска станица за безбедност патниот сообраќај спровела засилена контрола за брзина во која вкупно биле изречени 111 мерки. Во рамките на оваа контрола биле санкционирани 37 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место, од кои 3 возачи за повеќе од 70 километри на час. Двојно повеќе возачи, односно 74 ја пречекориле брзината во населено место, од кои 2 за повеќе од 50 километри на час. Покрај ова, санкционирани се и 7 други видови сообраќајни прекршоци.
Викендов што измина, исто така, во засилена акциска контрола биле санкционирани и 7 возачи кои ги управувале нивните возила под дејство на алкохол. Тие биле исклучени од сообраќај и. Санкционирани биле и 7 други прекршоци. На сите прекршители во двете контроли изготвени им се законски предвидените поднесоци и ќе се соочат со парични глоби, а некои од нив и со заштитни мерки, зависно од видот и карактерот на прекршоко
ас