Вчера (12.06.2023) во периодот од 12.00 до 17.00 часот на подрачјето на СВР Тетово биле спроведени зајканати мерки и активности за овозможување нормален и проточен сообраќај низ централното градско подрачје на Тетово во однос на погрешно и непрописно паркирање на возилата.
Притоа, биле санкционирани 28 прекршоци од кои поголемиот број биле за паркирање во двоен ред на коловозот, односно паралелно паркирање, како и паркирање во зона на крстосница, во тротоар, пешачки премин и друго, при што 28 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот биле подигнати од „пајак службата“.
Во текот на мај 2023 поради погрешно и непрописно паркирање со специјалното возило пајак биле подигнати 458 возила.
На прекршителите им биле изготвени соодветни платни налози и истите ќе се соочат со парични глоби кои се движат од 45 до 180 евра во денарска противвредност.
Секторот за внатрешни работи Тетово, поради тоа што следува период на враќање на привремено вработени и наши иселеници од европските земји и се очекува зголемување на фреквенцијата во сообраќајот, апелира до возачите да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот за да се избегнат сериозни последици и метежи, да бидат совесни и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот