• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во Тетово државен избор на „Вешта жена“, се одбележа и 30-годишниот јубилеј

15/10/2022
во Вести
„Вешта жена Гран при“ Петра Атанасовска

„Вешта жена Гран при“ Петра Атанасовска

Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Организацијата „Вешта жена“ од Тетово денеска ја одржа централната републичка манифестација со која воедно се одбележаа и 30 години постоење.

Во натпреварувачкиот дел учествуваа вкупно 15 учеснички од цела Македонија кои се натпреваруваа во две категории. Шест од нив за титулата „Вешта жена Гран при“ и девет за категоријата „Вешта жена 2022“.

 

„Вешта жена Гран при“ Петра Атанасовска

 

-За „Вешта жена Гран при“ е прогласена Петра Атанасовска од Скопје која подготви маса со главно јадење и десерт посветена на матурска вечер. Второ место е за Јулијана Гоцевска од Македонска Каменица  со маса наречена „Титаник“ додека трето место Оливера Ширгоска од Кичево, со маса насловена „Сончогледи“.  Во категорија „Вешта жена 2022“  победи Јулијана Златаноска од Гостивар, втора беше Марина Пешиќ од Куманово, а третото место го освои Кате Мицеска од Скопје, информираше Снежана Жана Стојановска, претседателка на Вешта жена.

 

Во категорија „Вешта жена 2022“  победи Јулијана Златаноска од Гостивар,
Во категорија „Вешта жена 2022“  победи Јулијана Златаноска од Гостивар,

 

На манифестацијата се промовираше и монографијата „Вешта жена 30 години јубилеј“.

-Главната содржина за овие 30 години е огромна борба жените да дојдат на пиедесталот кој го заслужуваат. Успеавме почнувајќи од 1992 година кога со група жени почнавме една приказна. И нашето очекување не беше толку големо, но денес се потврдува дека со овие средби од сите овие градови дека жената го ужива авторитетот кога самата ќе успее да се избори. За да се дојде до 30 години постоење, тоа е една голема борба во позитивен смисол. Жените остануваат на пиедесталот без разлика дали некој им ги признава резултатите, квалитетни жени, семејства огромни, со огромна љубов меѓусебна и споделена љубов. Во салата ја имаме Македонија во мало, порача Снежана Жана Стојановска.

Стручно жири во натпреварувачкиот дел ги оценува учесничките за подготовка на главно јадење, десерт и аранжман на маса.

ас

 

 

 

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Објавена одлуката за канонизација - Светиот Кирил Лешочки ќе се празнува на 25 март

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.