• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во Тетово ќе се одбележат 80 години од формирањето на Комунистичката партија на Македонија

17/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општинската организација на Сојузот на борци од Тетово во соработка со Музеј на тетовскиот крај в недела 19 март ќе организира свеченост со цел одбележување на јубилејот 80 години од формирањето на Централниот комитет на Комунистичката партија.

Основањето се случило на 19 март 1943 во една куќа во Тетово која денеска е  Меморијалниот музеј на Центалниот Комитет на КПМ (Куќа на Јовановци) во населбата Два бреста каде и ќе се прослави јубилејот во недела со почеток во 11 часот.

-На оваа прва седница на 19.3.1943 донесени се повеќе значајни одлуки за понатамошниот тек на народноослободителната и антифашистичка војна. Се формираат пет обласни комитети во петте оперативни зони, формирање на поголеми воено – оперативни единици (баталјони и бригади), да се зголеми политичката активност, да се формира штаб на Првата оперативна зона и друго. Централниот комитет го сочинувале Лазар Колишевски – секретар,Мара Нацева- организационен секретар, Кузман Јосифовски – Питу – член,Цветко Узуновски – Абас- член и Бане Андреев – Ронката – член, информираа од  Сојузот на борци Тетово.

 

Поврзани објави

Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Следна објава

И за неправилно престигнување времено одземање на возачките дозволи од три до 12 месеци

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.