Концертот на Младинскиот оркестар при Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово ќе се одржи на 22 мај понеделеник со почеток во 20 часот. Оркестарот ќе настапи во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“.
Оркестарот е формиран во 2020 година и работи под уметничко раководство на Александар Митрички, Мима Младеновска – вокал и Филип Гелевски – вокал.
Брои над 15 члена, а неговиот инструментариум е составен од вокални солисти, бас-гитара, соло-гитара, акустична гитара, клавијатури, саксофон, кларинет, кавал, хармоника, кахон, тарамбука, виолина, труба, тромбон.