Досегашниот потпретседател и вршител на должноста претседател Арбен Таравари е единствен кандидат за претседател на Алијанса за Албанците до денешниот последен ден за поднесување на кандидатури, информираше Сурија Рушиди од Комисија за прием на кандидатури. Партијата ќе бира нов лидер на вонреден конгрес што ќе се одржи на 17 декември во Тетово.
-Вечерва поминува рокот за доставување на кандидатури при комисија. Досега пред комисијата е доставена само една кандидатура на проф. д-р Арбен Таравари, досегашниот потпретседател на партијата и в.д претседател до наредниот конгрес. Статутот на партијата одредува дека кандидат може да биде секој член на партијата која успеал да обезбеди поддршка од најмалку 400 членови на партијата од најмалку пеет ограноци на партијата. Со задоволство можам да ве известам дека Таравар достави кандидатура со поддршка од 1865 членови на партијата, од скори сите функционални ограноци на партијата. Ова е повеќе од доволна бројка за доставување на кандидатурата, истакна Рушиди.
Таравари рече дека е благодарен на сопартијците и ограноците што го поддржале во кандидатурата.
-Ме радува што од сите ограноци депонирам потписи од членовите. Се надевам на 17 декември ќе имам поддршка од делегатите кои што се очекуваат на вонредниот конгрес на АА кој што ќе се одржи во Тетово,рече Таравари.
Тој порача дека во моментот нема преговори на неговата партија да стане дел од Владата. Сепак тој вели дека ќе ги поддржат уставните измени и како опозоција со цел да бидат Бугарите дел од Уставот.
-Нема преговори, ако има ќе излеземе пред вас и ќе кажеме се што има. Ние ќе ги поддржиме уставните промени за вметнување на Бугарите, бугарскиот етникум во Македонија во преамбулата, без разлика дали ќе бидеме дел од Владата или ќе бидеме опозиција. Така да тоа сме го кажале од првиот ден продолжуваме да го кажуваме истото. Кога ќе има преговори ќе ве известиме и ќе бидеме максимално транспарентни. Горе-доле политиките на Алијанса за Албанците ќе продолжат исти. Тоа сум го кажал неколку пати, ние сме во комплетна реорганизација на партијата. Одиме на терен постојано. Ќе бидеме конструктивна опозиција како што бевме и досега и ќе видиме како ќе ги продолжиме работите меѓутоа во нашата програма која е последна од 2020 изборна програма, тие се политиките на АА не се очекува нешто во политики на АА да се смени, изјави Таравари од партиското седиште каде денеска ја поднесе кандидатура за претседател АА.
На 21 август 2022 поради неповолните резултати од вонредните избори за Совет на Општина Тетово дотогашниот претседател Зијадин Села поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Алијанса за Албанците.
Алијанса за Албанците почна да се формира од 2015 година кога Зијадин Села како член на ДПА го иницираше Движењето за реформи во ДПА. Потоа се формираше и партијата под името Алијанса за Албанците. На 27 март 2022 на вториот конгрес Села беше реизбран за претседател.