• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Во Тетово одбележан 11 Октомври пред Споменикот на Победата

11/10/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово Денот на народното востание 11 Октомври се одбележа со полагање букети цвеќе пред Споменикот на Победата (револуцијата), во организација на општинската организација на Сојузот на борци и тетовскиот гарзнизон при касарната „Кузман Јосифоски-Питу“.

Чествувањето започна со интонирање на македонската химна и едно минутно молчење во чест и слава на сите загинати борци во Народно-ослободителна борба и припадници на АРМ.

Во пригодниот реферат пред присуните Јоцко Димитриевски од општинската организација на Сојузот на борци Тетово порача дека 11 октомври како светол датум се прославуваме со гордост и почит поради неговото значење и придонес денес да се се живее во слобода за која македонскиот народ долго време мечтаел .

-Да се потсетиме дека патот на младата македонска држава е темелен врз принципите на АСНОМ и дека Македонија мора да остане на патот започнат со светите идеали на двата Илиндена. Денес Македонија се наоѓа пред нови предизвици. Во овие турбулентни времиња кога се почесто се негира нашата историја од земја членка на Европската унија кога се отвораат клубови во нашата земја на познати соработници на фашизмот од типот на Ванчо Михајлов и Цар Борис трети, Сојузот на борци јавно порачува дека во духот на слободарските и добрососедски односи да не го поткопуваат и попречуват соживотот и патот на кон европските вредности, истакна во говорот Јоцко Димитриевски.

На одбележувањето цвеќе пред Споменикот на Победата  положија делегации на општина Тетово, општинската организација на Сојузот на борци Тетово, од касарната „Кузман Јосифовски Питу“,  општинска организација на СДСМ Тетово, општински комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово, тетовскиот огранок на Левица, претставници на партијата Интерга, Резервните воени старешини, како и  Здружение на пензионери на Тетово.

ас

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 11 сопственици на возила за неисправности-сопирачки, неатестирани фолии,неисправни системи, вградени светлосни уреди и истечени сообраќајни дозволи

26/09/2023
Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Следна објава

За ранувањето на 16-годишник со нож приведени пет лица од 19 до 24 години

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!