• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 29 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во Тетово се оценува квалитет на мед пристигнат од 21 земја и 260 пчелари

10/09/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На Универзитетот во Тетово денеска судии започнаа со органолептичка анализа на пристигнатите примероци мед во рамки на четвртиот по ред натпревар за квалитет на мед „Тетово награди за мед“ (Tetovo Honey awards) што го организираат здруженијата „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“. Пристигнаа 260 примероци на пчелари од 21 земја.

-Го организираме натпреварот по четврти пати благодарение на помошта на Министерството за земјоделство и Универзитетот, Факултетот за прехрамбени технологии, без нивна поддршка немаше да добие академски апспект оваа манифестација. Задоволен сум од тоа што мостриот од првиот натпревар и сега по четврти пат имаат голема разлика не само во однос на квалитетот и во однос на презентацијата. Би бил многу среќен ако дел од пчеларите почнат да работат  секојдневно по овие стандарди и гледаме дека овој натревар помага да се подигне квалитетот на македонскиот мед . Јас сум сведок на тоа дека не само што тука, туку највисоки оценки се добиваат и на меѓународни натпревари. Треба да работиме повеќе на презентација на нашиот мед затоа што Господ ја даваа оваа клима да произведуваме квалитетен мед, изјави Дритон Дикена од организацијата на натпреварот.

Експертите и судии го оценуваат медот според боја, вкус, арома, влажност, чистота, по што ќе следуваат лабораториски анализи на хемиски состав. На први октомври ќе се знаат и наградени кога двете здруженија ќе ја организираат манифестацијата „Слатки денови на Тетово“.

-Гледаме заедничка работа на две здруженија Полошки мед и Градот на пчелите особено ми е драго за тоа, имаме исполнување на една иста национална цел, промоција на македонскиот мед како еден од најквалитетните. За уште поголема промоција придонесува Минситерството кое финансиски поддржува 44 манифестација со 250 иладји денари, изјави министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој присуствуваше на денешниот настан.

Во 2021 година Министерството евидентирало пријавени 312 илјади пчелни семејства од пчелари кои се пријавиле за субевнции. Во 2012 година имало 150 илјади пчелни семејства.

Поврзани објави

Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Следна објава

Пчеларите се жалат на нелојална конкуренција, министерот за земјоделство најавува нов систем за субвенционирање

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.