• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во Тетово се одбележаа 80 години од формирањето на Комунистичката партија на Македонија

19/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општинската организација на Сојузот на борци од Тетово во соработка со Музеј на тетовскиот денеска организираа свечено одбележување на јубилејот 80 години од формирањето на Комунистичката партија на Македонија. Одбележувањето беше во куќата каде што се случило основањето на 19 март 1943 која сега е Меморијален музеј на Центалниот Комитет на КПМ (Куќа на Јовановци) во населбата Два Бреста.

-На Балканот до Втората светска војна егзистираат пет буржоаско-монархистички држави, со многу нерешени внатрешни проблеми. Во три од нив непризнат живееше македонскиот народ, кој не уживаше никакви национални права.Но во платформа на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ), се истакнуваше  дека секој народ во борбата против фашистичкиот ослободител го решава и своето право на самоопределување. КПЈ беше единствена која имаше изградено правилен став по македонското национално прашање. Македонскиот народ беше посебно мотивиран за прифаќање на борбениот повик. Формирањето на Комунистичката партија на Македонија (КПМ) на 19 март 1943 година и изборот на Централниот комитет (ЦК) значеше осамостојување на политичкото раководство на Македонија, истакна во историскиот час Миќо Стојчевски, директор на Музејот на тетовски крај.

Тој воедно потсети дека кога се формирала партијата и Централниот комитет донесени се одлуки за натамошниот развиток на народноослободителната борба.

-Не случајно е избран Тетово за град каде ќе се формира Комунистчката партија на Македонија. КП стана основен фактор за мобилизација на македонскиот народ и народностите во Македонија, бидејќи благодарение на сите народности кои се вклучиле во нароноослободителната борба, и кои покажаа дека и заеднички можат да се борат против окупаторот, придонесоа за остварување на главната цел-слобода за Македонија, порача Стојчевски.

За случувањата пред 80 години посведочи и Никола Стојановски, кој годинава наполни 100 години, инаку претседател на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОБ на Македонија.

-Народот веруваше во КПМ, затоа што единствено тргна да го ослободи македонскиот народ. Тоа беше прифатено од сите граѓаните. Јас сум 100 години, а тогаш бевме деца, но тргавме по партизанските одреди и се боревме за да створиме држава, прва после Самоиловото царство. Направивме се за да ја сочуваме и народот направи се што може да биде добра држава, рече Никола Стојановски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во пригодното обраќање порача дека одлуката за формирањето на партијата во 1943 е главниот придонес за долго посакуваната повоена Македонска државност.

-И денеска 80 години подоцна, ѕидовите на оваа историска куќа на семејството Јовановци љубоморно ја чуваат историјата на големите одлуки кои беа донесени на 19 март 1943 со кои е конституиран централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија. Оттука овој датум се смета за ден на формирањето на Комунистичката партија на Македонија и водилка за понатамошниот тек на Народноослободителната и Антифашистичка војна, порача Спасовски.

Дел од одбележувањето беше и положување на цвеќе пред спомен бистата на Јосип Броз-Тито во дворот на Меморијалниот музеј.

ас

 

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Тетовскиот маратонец Адем Селмани ја почна сезоната со учество на полумаратон во Крушевац, Србија

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.